Исклучително ниските температури овие денови успеаја да ги смрзнат дури и Плитвички Езера и водопадот, а тоа на посетителите им понуди едно поинакво, речиси неверојатно доживување, вистинска зимска бајка.
Водопадот е замрзнат, а сцените на кои сведочат бројните посетители делуваат нестварно. Оваа слика најверојатно нема да се смени во брзо време, бидејќи ниски температири и снег се најавуваат и за следните неколку дена.
Од Националниот парк, пак, ги предупредуваат посетителите да внимаваат кога одат кон големиот замрзнат водопад, бидејќи по патеките има многу мраз и снег, а тие се исклучително лизгави. Додаваат дека една фотографија не вреди ако постои опасност од скршеници.
А ако не можеме да ги видиме замрзнатите Плитвички Езера во живо, барем можеме да уживаме во видеото и фотографиите што доаѓаат оттаму.
извор: hybread.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)