Аболираниот криминалец Зоран Заев и мафијашкото поразено раководство на СДСМ треба да поднесат неотповиклива оставка. Поминаа 31 ден, а нема ниту трага од исполнувањето на јавното ветување на аболицираниот Заев дека ќе си поднесе оставка доколку СДСМ ги загуби изборите. Народот за ова вика „образ како ѓон“. СДСМ загуби, нивното раководство е поразено, истакна на денешната прес-конференција Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ.
Има ли маж во криминогеното раководство на СДСМ, праша тој, кој треба да му соопшти на Заев барем еднаш да си остане на зборот и да го признае поразот од граѓаните.
– Ова раководство на СДСМ и официјално го загуби кредибилитетот од граѓаните. Граѓаните испратија порака. Мнозинството граѓани силно и одлучно кажаа стоп на разградувањето на државата и креирањето на кризи од страна на СДСМ. Нема друг пример во која било земја лидерот на опозицијата да доживее пораз, да биде фатен на видео како прима поткуп од 200 илјади евра, да биде аболициран за криминал од 8,5 милиони евра, да си дели тендери на фирми на свои блиски роднини и пријатели и повторно да излезе и да ја лаже јавноста. Затоа треба Заев да поднесе оставка – заклучи Муцунски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.