| четврток, 6 декември 2018 |

Лажел дека е полицаец, собрал 20.000 евра поткуп за побрзо да пушти затвореник

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.М. (44) од Тетово поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело измама.

Пријавениот во текот на јули 2016 година лажно претставувајќи се како полициски службеник – инспектор во одделот за оружје и дрога при СВР Тетово, го довел во заблуда оштетениот Н.Б.(69) од Куманово ветувајќи дека ќе му помогне неговиот син да излезе од затвор при што земал вкупна сума од 20.000 евра или 1.230.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top