На престижниот светски вински натпревар што се одржа во Лондон, виното „terrior vranec“ на винарската визба „Chateu Kamnik“ доби златен медал. Тоа претставува историски успех за оваа винарска визба, но и за македонската винска заедница.
Доделувањето златен медал значи признание за најдобро црвено вино во централна и во источна Европа во категоријата на црвени вина поскапи од 15 фунти.
Тоа што „Chateu Kamnik“ го донесе првото злато во Македонија од овој престижен вински натпревар, всушност, е она што претставува историски блесок во македонската винска култура и производство на вино.
– Треба да се истакне дека златниот медал, кој ни го додели „Decanter World Wine Awards“ како признание за квалитет на „terrior vranec“, е воедно прв златен медал воопшто доделен на вино од сортата вранец, во балкански рамки – велат од „Камник“.
Освен оваа награда, винарницата доби престижен бронзен медал за виното „темјаника 2012“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




