| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров: Мора да ја искористиме секоја шанса што ќе ни се укаже

kire lazarov

Македонските ракометари подготвени го дочекуваат дебито на Мундијалот во Мец против Тунис (17.45 часот). Селекторот Лино Червар синоќа ги избра 16-те ракометари кои ќе влезат во официјалниот протокол попладнево. Од составот испаднаа голманот Митревски, пикерот Пешевски и бекот Арнаудовски, но тоа не значи дека тие не се дел од оваа репрезентација и Червар сериозно смета на нивните услуги во следните четири натпревари кои ја очекуваат репрезентацијата во групната фаза. Капитенот Кире Лазаров е свесен за значајот на мечот против Тунис и верува дека со своето искуство може да ги понесе помладите да не бидат преимпресионирани од натпреварот.

– Најважно е она што ќе се покаже на теренот, па можам да кажам дека сме добро подготвени и дека сме максимално мотивирани да сториме сè за да ја израдуваме нацијата. Од нас секогаш се очекуваат најголеми дострели и најдобри резултати, а ние секогаш и се обидуваме да дојдеме до нив, но некогаш таквите очекувања знаат да бидат и нереални. Многу пати сме гореле во желбата да дојдеме до победа на некој значаен натпревар, па сега не смееме да си дозволиме такво нешто, мораме да играме смирено, интелигентно, да ја користиме секоја шанса што ќе ни се укаже – рече Лазаров.

Нашата селекција само еднаш се сретнала со Тунис на Светско првенство и се радуваше пред две години во Доха и тогаш на почетокот од групната фаза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top