Непоразениот австралиски боксер, Џеф Хорн и ветераноот со импресивна кариера Мани Пакјао од Филипини ќе се сретнат на 22 април во Бризбејн.
Борбата ќе се одржи на стадионот „Санкорп“, а боксерите се во завршна фаза на преговори. Џеф Хорн смета дека има сили да направи едно од најголемите изненадувања и во својот роден град да ја сочува непобедливоста во рингот.
„Младоста е на моја страна, а Мани има 38 години. Во неговите последни натпревари се виде дека нивото му паѓа. Тој има многу добри движења и вештини, но мислам дека не е на мое ниво. Убеден сум дека ќе го победам“, смета Хорн.
До крајот на овој месец се очекува официјализација на борбата, а потоа првите квоти и мислење се очекуваат и од обложувалниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.