Најсовремен апарат за фако интервенции е ставен во функција на Универзитетската Клиника за очни болести. Ваков апарат имаат само некои земји и е единствен во регионот. Апаратот, кој е набавен од страна на Министерството за здравство, е во вредност од пет милиони денари и со него веќе се извршени осум интервенции.
Вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров денеска ја посети Очната клиника, по што изјави дека со апаратот ќе се овозможи намалување на ризиците и зголемување на ефикасноста на интервенциите, како и зголемување на бројот на интервенции кои ќе можат да се прават на таа јавна здравствена установа. Покрај двата апарата кои ги има, посочи, овој ќе биде трет, што значи се зголемува и бројот на апарати на Клиниката. Според него, она што е најважно е дека се добива најсовремен апарат.
-Ваков апарат нема друг во Македонија. Ова е најсовремениот апарат за фако хирургија во Македонија. Со тоа Очната клиника ќе може да дава поголем број здравствени услуги од овој карактер односно ќе може да се прават поголем број интервенции на катаракта на Клиниката со што сериозно ќе се влијае на намалување на листата на чекање односно зголемување на бројот на интервенции на катаракта кои се прават во Република Македонија, рече Тодоров.
Потенцира дека на состанок со директорот и тимот на Клиниката се договориле од 2.500, бројот на интервенции да се зголеми на 4.700. Тоа, истакна, ќе се овозможи како резултат на новонабавениот апарат и нова организација која се договоривме да се направи на Клиниката се договориле бројот на интервенции од 2.500 да се зголеми на 4.700.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.