| четврток, 6 декември 2018 |

Се ожени актерот Борче Начев

Познатиот македонски актер кого најмногу го знаеме по филмот „Сенки“, Борче Начев, во саботата се ожени со неговата долгогодишна девојка Александра. На свадбата на триесетгодишниот актер од Струмица, покрај неговите колеги од матичната куќа, Македонски народен театар, биле присутни и многу пријатели и колеги од останатите театри со кои тој соработува.

borce i aleksandra1

Борче се запознал со Александра, која по професија е  балерина, во 2009 година, за време на подготовките на претставата „Триол и Кресида“, за чија кореографија се погрижила токму таа.

Тие веќе живеат заедно во скопската населба Карпош. Александра е професорка во Средното балетско училиште, каде што предава модерен балет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top