| четврток, 6 декември 2018 |

Велосипедисти и ролерџии го испробаа новиот асфалт кај Три Чешми-Сушево

Градоначалникот на Штип, прим.м-р Илчо Захариев, синоќа поздрави околу 50-тина деца на ролери и велосипеди кои први го тестираа новиот асфалт кој беше поставен на релација Три Чешми – Сушево

P5200547

Како што е познато, оваа недела овој пат, кој води од населбата Три Чешми до спортскиот аеродром Сушево, доби нов асфалт во должина од околу 2 километри. Пред официјалното пуштање во употреба, кое е најавено за четврток (23 мај), дузина деца и млади вчера попладне имаа можност први да почуствуваат како е да се вози по нов асфалт.

P5200544

Оваа локација, која е мошне фреквентна во вечерните часови кога жителите на Три Чешми уживаат во прошетка, беше еден вид лоша слика за градот бидејќи тука се одржуваат разни првенства, како што е она за ракетно моделарство на кое има и странски учесници. За да се избегне таа грда слика, градоначалникот Захариев се зафати со уредување на локацијата.

P5200559

Пред поставувањето на асфалтот, беа засадени околу 230 нови дрва, а од двете страни на патот се поставени повеќе од 20 клупи. Исчистени се и одводните канали од страните, а со тоа патот е проширен за најмалку еден метар. На тој начин, оние што уживаат во прошетка, имаат можност и да се одморат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top