Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа утре околу 7 часот, по македонско време, ќе го игра својот меч од првото квалификациско коло на првиот грен-слем во новата сезона, Отвореното првенство на Австралија.
Ѓорческа (202 место на ВТА ранг листата) во првото квалификациско коло ќе се соочи со Американката Саша Викери (137. место на ВТА листата) која е 18-та носителка на квалификацискиот турнир. 21-годишната Викери во 2014 година стигнала и до главниот турнир на Австралија опен каде загубила во првото коло. Нејзин најголем досега успех е второто коло на УС Опен во 2013 година.
Ова е втор настап за Ѓорческа на еден грен-слем турнир, по она на УС Опен, кога загуби во првото квалификациско коло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.