Алијансата за Албанците нема да учествува во составувањето на новата влада ако мандатaр е Никола Груевски, осомничено лице од СЈО, категоричен е Зулфи Адили од Унитети, партија што е дел од Алијансата за Албанците.
Откако Алијансата за Албанците ја отфрли соработката со Груевски поради тоа што бил осомничено лице во монтирани постапки од страна на СЈО, треба да се изјасни дали тоа значи дека ја отфрла и сработката со аболираниот криминалец Зоран Заев, осомничен за криминал од 8,5 милиони евра и обвинет за поткуп од 200 илјади евра.
Аболираниот криминалец Зоран Заев на изборите настапи со украдена програма од српската радикална партија Двери, и со надреални ветувања за Албанците за кантонизација на државата, федерализација и воведување двојазичност на целата територија на државата. Овие ветувања му донесоа 70.000 албански гласови и пораз на изборите во декември.
СДСМ остана единствената политичка партија што официјално не зазема став за платформата постигната од албанските политички партии. Но, зад сцената дознаваме дека Заев и раководството испратиле пораки до ДУИ и до Ахмети дека би прифатиле сѐ што е напишано во платформата само да се играчи за составување на новата влада. За ова нема потврда ниту јасен демант од СДСМ.
Без задршка за раководството на СДСМ било прифатливо да се воведе двојазичост на целата територија, вклучително и во градови како Делчево, Струмица, Штип, Свети Николе, каде што Македонците се убедливо мнозинство, како и решавање со учество на албанските партии на спорот за името со Грција како евентуален услов за интеграции во Европската унија и НАТО. Но и непристрасна работа на Специјалното јавно обвинителство и редица барања, меѓу кои и резолуција за осуда на „геноцид врз Албанците во Македонија“.
Дека „ишаретите“ на СДСМ до албанските партии се реалност, се надоврзува и ставот на идеолозите на СДСМ дека платформата на Албанците е премногу мека и на тој начин создавајќи услови таа безусловно од СДСМ да биде прифатена.
Главниот медиумски стратег на опозицијата, Бранко Героски во колумна пишува дека очекувал пожестоки, посуштествени и поконкретни барања.
Очекував многу повеќе од „заедничката платформа на албанските партии за Македонија“, подготвена под спонзорство на Тирана. Очекував пожестоки, но посуштествени и попринципиелни барања. За жал, тие не се тоа . Не се „историски исчекор“, како што се фали Еди Рама, пишува Героски.
Тој во гостување на „24 вести“ вели дека е битно процесто да почне и да се фокусира на политичари или политичка сила, која има коалициски потенцијал. Тоа е СДСМ во секој случај.
– Некои велат дека според бројките СДСМ е втората партија на Албанците во овој момент, според број на гласачи, што не е небитна работа – вели Героски.
За уште еден отворен опозициски поддржувач, Бранко Тричковски, платформата на албанските партии е „добра основа за формирање на влада“. Тричковски пишува „не гледам зошто во Уставот не би се ставила формулацијата дека македонскиот и албанскиот јазик се официјални јазици во Република Македонија“.
Не гледам зошто не би ја смениле химната која во музичкиот дел е катастрофална, а во текстуалниот грозна, не можам да сфатам зошто да не ги хармонизираме и знамето и химната, со нашата стварност. Конечно, Македонецот мора да разбере дека државата е сериозна работа и дека ако реши десетина години да и се препушти на идиотската хистерија на ВМРО, цената ќе мора да ја плати. Треба да биде среќен ако помине само со овие „издатоци“! – пишува Тричковски.
СДСМ и Зоран Заев отворија Пандорина кутија и создадоа толку проблеми само заради своите партиски и финансиски интереси. Отворија процес на уривање на Македонија за да добијат 70.000 албански гласови, отворија процес по кој за Македонија не одлучуваат македонските граѓани туку албанскиот премиер Еди Рама, кој во Тирана ги собра албанските партии од Македонија за да им издиктира каква Македонија тој сака, а каква ние мораме да прифатиме бидејќи Заев и СДСМ тоа го понудија. Сега СДСМ и албанските партии се тркаат да покажат кој е поголем Албанец.
Заев го отвори патот за платформата покрај ова, во јавноста останува впечатокот дека токму Заев во битката за гласови им отвори пат на албанските политички фактори да постават високи црвени линии во платформата околу која се обединија, без разлика колку жестоки противници беа претходно. Имено, во ноември кога Заев беше на средба со дијаспората во Швајцарија порача дека верува дека оваа Македонија може да се стреми да стане обединета Швајцарија и еднаква за сите.
– Тука сме обединети и јас како претставник на македонската политичка компонента говорам на собир каде што мнозинството е составено од Албанци. Јас сум прв од македонските политичари што се ангажирам за еднаквост и единство со целиот ризик дека со ова може да ги изгубам гласовите на оние што не веруваат во оваа можност за еднаквост. Јас ги отворив овие теми независно од тоа кој е засегнат и ова го направив за доброто на Македонија. Верувам дека оваа Македонија може да се стреми да стане обединета Швајцарија и еднаква за сите – рече Заев во обраќањето.
Двојазичноста, која подоцна ја негира како од него трасиран концепт, исто така, јасно ја исцрта пред швајцарската дијаспора.
– Македонија ја замислувам, ако знаеме кинески, кинески да се разбереме, ако знаеме англиски, англиски да се разбереме, француски – француски, албански – албански, македонски – македонски, да се ослободиме – рече Заев во ноември. Молкот од СДСМ очекуван како што повеќепати потоа пишувавме, двојазичноста е невозможен концепт без промена на Уставот, што и самиот подоцна во интервју за една од албанските телевизии го потврди. Во Швајцарија порача дека услов за еднаквост и рамноправност е да се оди преку Охридскиот рамковен договор.
– Охридскиот рамковен договор не е договор. Мора да одиме преку Охридскиот рамковен договор оти тој е некоја рамка. Зошто во 21 век, во 25 години независна Македонија, да има рамки на ограничување. Не, ќе веруваме во еднаквоста и рамноправноста и ќе му помогнам на мојот сограѓанин Албанец – рече Заев.
Од друга страна, Адили тврди дека во Унитети нема промена на ставот поткрепен и во Платформата што ја поддржаа партиите на Албанците, која е основа во преговорите за формирање на новата влада, а Весел Мемеди, лидер на НДП, партија која исто така е дел од Алијансата за Албанците, пак, вели дека за нив најбитна е платформата.
-Најбитна за нас е платформата. Тие што се осомничени ќе одговараат пред законот. Простор за девијација нема да има, во платформата е децидно наведено кои се нашите барања за работата на СЈО – вели Мемеди.
Патформата ја поддржаа три од четирите албанските партии застапени во новоизбраниот парламент. ДУИ, Движењето БЕСА и Алијансата за Албанците бараат албанскиот јазик да добие статус на официјален јазик на целата територија на земјата, економска рамноправност, решавање на спорот за името со Грција како наводен услов за интеграции во Европската унија и НАТО со учество на албанските партии, непристрасна работа на Специјалното јавно обвинителство, како и резолуција за осуда на „геноцид врз Албанците во Македонија“.
-Нема збор дека платформата за Албанците е најважната работа што треба да се случи со промените, но не е ни помалку важно кој ќе учествува во формирањето на владата. Нема промени во нашиот став дека нема да влегуваме во никакви комбинации ако Груевски е мандатарот – вели Адили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)