| четврток, 6 декември 2018 |

Спарс преку продолжение до втората победа

Сан Антониот имаше голема предност во поголем дел од натпреварот која ја изгубија во последниот период, но 18 асистенции на Тони Паркер и одличната игра на Тим Данкан го однесоа својот тим на продолжение и победа

Memphis Grizzlies v San Antonio Spurs - Game Two

Најискусниот кошаркар на Спарс ги постигна првите 6 поени во продолжението, а Тони Паркер постигна 15 поени и дури 18 асистенции кои се негов личен рекорд во еден плејоф натпревар.

Мемфис имаа шанса да се вратат од негативата во продолжението, но Бејлис промаши клучен шут за 3 на 14 секунди до крајот. Гризлис и претходно губеа 2:0 од Клиперс за на крај да победат со 4:2 и да отидат понатаму.

Memphis Grizzlies v San Antonio Spurs - Game Two

После очајната игра во првиот натпревар, Рендолф сега постигна 15 поени и 18 скокови, Гасол додаде 12 поени и имаше 14 скокови.

Сега серијата се сели во Мемфис, а наредниот натпревар се игра во сабота.

httpv://www.youtube.com/watch?v=hdq1dR1ctSk

Сан Антонио- Мемфис 93:89 (2:0)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top