„Црвено-жолтите” на ракометниот Мундијал ќе бидат предводени од Лино Червар, стратег за кого ИХФ има само пофалби за работата со Хрватска, осовјување на Олимпписките игри во 2004 година во Атина, злато на Светското првенство во 2003 година во Португалија. Исто така, се потенцира и среброто на Мундијалот во 2005 година во Тунис, како и на СП 2009 во Хрватска, како и вторите места на ЕП 2008 во Норвешка и ЕП 2010 во Австрија. Но, посебни пофалби имаше и за капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров.
-Не може многумина да се пофалат со ракометна гордост како Кире Лазаров – повеќе од 1.200 голови за националниот тим, рекордер со 92 гола на СП во Хрватска во 2009 година, човек кој има добиено орден лично од претседателот на државата за неговиот придонес за Македонија, стои во описот на ИХФ.
Покрај Кире Лазаров, за ракометна ѕвезда е прогласен и Дејан Манасков, кој ја водеше Македонија до пласман на СП со вкупно 11 гола во бараж-натпреварот против Чешка во Скопје. Првиот натпревар на СП 2017, Македонија го игра в четврток, 12 јануари, кога од 17.45 часот се среќава со Тунис. Вториот меч, пак, се игра против Ангола (14 јануари, 20.45 часот), а потоа следат Словенија (16 јануари, 17.45 часот), Шпанија (18 јануари, 20.45 часот) и Исланд (19 јануари, 17.45 часот).
Лазаров ќе игра со патики во црвена и жолта боја
Капитенот на македонска ракометна репрезентација Кирил Лазаров на Светското првенство во Франција ќе настапи во специјални патики, изработени од неговиот спонзор „Hummеl”. Данската компанија ги изработи патиките специјално за нашиот капитен и се комплетно обоени во црвена и жолта боја, како би биле брендирано во нашите национални бои.
Исто така на патиките е впишан бројот СЕДУМ, кој Лазаров го носи кога настапува за националната репрезентација. Овие патики десниот бек на нашата репрезентација веќе ги испроба на мечот со БиХ.
Лазаров е само еден од големиот број на ракометари лои се заштитни лица на „Hummel” заедно со Хансен, Томас, Нарцис, Хајневетер…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.