Предводникот на италијанскиот калчолигаш Торино, Синиша Михајловиќ, откри дека ја одбил погатата понуда која ја добил од еден кинески клуб, но додаде дека поради одличните финансиски услови, малку фалело да ја прифати понудата.
Српскиот стручњак призна дека не сакал да си замине од Торино веќе во декември, затоа што не сака да ја остави недовршена започната работа.
Искрено, две ноќи не спиев, размислував за парите кои ќе ги добиев доколку ја прифатев побудата. Сепак, во животот мора да пресечите за многу работи, а јас не сум опседнат со парите иако за една година во Кина ќе заработев колку што ќе заработам за пет или шест години во Италија, изјави Михајловиќ.
Поранешниот предводник на Катанија, Фиорентина, Сампдорија и Милан додаде дека многу поголем респект заслужуваат фудбалерите кои веќе ја прифатиле понудата за преселба во кинеската Супер лига.
Фудбалската кариера не е многу долга, во споредба со тренерската кариера. Во Кина не се селат фудбалери кои се на крајот од својата кариера. Такво нешто има во американската МЛС лига и во Катар, додаде поранешниот селектор на Србија.
По водство на Михајлови, Торино е моментално осмопласиран во италијанската Серија А, со амбиција да обезбеди пласман во Лигата на Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.