Се проценува дека од сириските нафтени полиња, хрватската компанија „ИНА“ заработуваше месечно по околу 60 милиони долари.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, тамошниот министер за надворешни работи Давор Иво Штир, потврдил дека извештаите кои што ги добило хрватското министерство, потврдуваат дека Исламската држава ги разнела нафтените постројки на компанијата „ИНА“ во Сирја.
-Ќе бараме нови извештаи и дополнителна потврда, како и проценка на штетата“, изјави Штир за хрватските медиуми.
Џихадистите на Исламската држава наводно ја кренале во воздух нафтената постројка Хајан која што се наоѓа на околу 100 километри источно од градот Хомс. На тоа подрачје, хрватската компанија „ИНА“ ги започнала своите „нафтени операции“, додека пак истражувањата на теренот биле извршувани уште од 1998-ма година.
Од Исламската држава секако, се „пофалија“ со објавување на видео снимка од експлозијата на социјалните мрежи и потврдија дека е уништена нафтената постројка на својот интернет портал „Амак“.
Како што велат од Исламската држава, тоа го сториле за да му наштетат на режимот на Башар Ал Асад кој што ги експлоатира нафтените наоѓалишта за да ги финансира борбените дејствија на сириската армија.
Давор Штер, нафтен експерт и поранешен член на Надзорниот одбор при хрватската компанија „ИНА“, вели дека било вистинско чудо што нафтената постројка до ден денес останала недопрена со оглед на жештината на конфликтот во Сирија.
Износот на штетата може да го процени само „ИНА“, меѓутоа Штерн вели дека експлозијата не мора да значи дека целата постројка е уништена и се надева дека станува збор само за надземната опрема: „Таа опрема лесно може да се надомести, важно е да нема настрадано подземната опрема“, вели тој.
Сириските нафтени полиња се проценува дека месечно на хрватската компанија ѝ носеле и по 60 милиони долари се до 2012-та година, кога оваа компанија одлучила да го сопре производството поради санкциите кои што ги воведе Европската унија кон режимот на сирискиот претседател Башар Ал Асад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)