| четврток, 6 декември 2018 |

Мерил Стрип на Златните глобуси доби награда за животно достигнување и одржа говор против Трамп, тој не чекаше многу за да возврати

Мерил Стрип на сцената на Златните глобуси одржа моќен говор што никој нема да го заборави. На легендарната актерка за нејзината исклучителна кариера ѝ беше врачена наградата за животно достигнување „Сесил Б. Демил“, а во говорот таа не спомена ниту еден од нејзините филмови. Наместо тоа, таа се насочи кон идниот американски претседател Доналд Трамп и неговото исмевање на инвалидниот репортер за време на изборната кампања.

-Имаше еден настап годинава кој ме стаписа и ми се закотви во срцето. Не бидејќи беше добар. Немаше ништо добро во тоа. Но, беше ефективен и си ја заврши работата. Направи одредена публика да се насмее и да си ги покаже забите. Тоа беше моментот кога личноста која бараше да седне на најреспектираното место во нашата земја имитираше инвалиден репортер, некој кој тој го надминува во привилегиите, моќта и капацитетот да се брани. Тоа ми го скрши срцето. Сѐ уште не можам да го исфрлам од мислите бидејќи тоа не беше филм. Тоа беше реален живот – изјави Стрип и додаде:

-Овој инстинкт за понижување, кога доаѓа од некој во јавната платформа, од некој со моќ, се инфилтрира во животот на сите, бидејќи на некој начин им дава дозвола на другите луѓе да го направат истото нешто. Непочитувањето повикува на непочитување. Насилството поттикнува насилство. Кога моќните ја користат нивната позиција за да малтретираат други, сите иие губиме.

Трамп на ова никако не остана рамнодушен, па огласувајки се на твитер легендарната актерка ја нарекол „најпреценета“ актерка во Холивуд и „слугинка на Хилари Клинтон“.

-Мерил Стрип, една од најпреценетите актерки во Холивуд, не ме познава, но ме нападна синоќа на Златните глобуси. Таа е слугинка на Хилари која изгуби, напишал, помеѓу останатото, Трамп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top