| четврток, 6 декември 2018 |

Пујол со порака до Пике: Да ги оставиме судиите да си ја работат својата работа

pujol

Жерард Пике предизвика голем скандал во Шпанија со пораката која му ја испрати на претседателот Хавиер Тебас по крајот на натпреварот меѓу Вилјареал и Барселона, замерка која секако се однесуваше на новата лоша вечер која ја имаа судиите, или во случајот Вилануева.

Пике беше доста отворен и во микс-зоната каде по натпреварот потенцираше дека судиите се почесто почнуваат да му докажуваат дека се фаворизира еден клуб оваа сезона (мислејќи на Реал), а ваквите обвинувања секако не се воопшто наивни и предизвикаа бура од реакции во Шпанија.

Стоперот на Барса доби поддршка од каталонската јавност за своите забелешки, но сега со интересна изјава излезе легендарниот капитен на каталонците, Карлес Пујол. Пензионираниот дефанзивец кој беше голем борец на теренот одлучи да застане во одбрана на судиите, потенцирајќи дека треба да им се даде поддршка со цел да можат мирно да си ја вршат тешката и одговорна работа.

– Имав лет во тој момент и не го гледав натпреварот. Од тоа што го слушнав, можам да претпоставам што се случило, но за мене само едно е јасно. Треба да ги оставиме судиите да си ја работат работата. Навистина е многу тешко да донесувате одлуки во дел од секундата. Кога бев спортски директор сфатив колку е тешка работата на судиите. Мора да ги оставиме да работат – порачува Пујол кој со својата изјава испрати јасна порака и до својот поранешен соиграч Пике.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top