Македонската опера и балет и после Новогодишните празници, на својот репертоар ќе продолжи со поставување на претстави за деца, во т.н. детски викенд секој месец, од кои најмладата популација ќе може да се едуцира и да го почувствува амбиентот на театарот.
За таа цел во сабота, 14.01. и во недела, 15.01.2017 г. со почеток во 12 часот, на Големата сцена во Македонската опера и балет е закажана популарната детска балетска претстава „Снежана и седумте џуџуња“.
Најблагородната публика поторно ќе може да ужива во бравурозната игра на популарните ликови, Смешко, Учо, Лутко, Спанко, Убавата принцеза Снежана, Принцот, Грдата Вештерка и други.
„Снежана и седумте џуџуња“, е една од најизведуваните претстави за деца во Македонската опера и балет, на која секогаш нашата најмлада популација го исполнувала Салонот до последно место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.