Најгледаното ток-шоу во Македонија, „Еден на Еден“ по цели 15 години телевизиска пауза за првпат го угости Владо Јаневски.
Чаирскиот романтичар откри навистина премногу детали од неговиот приватен живот како никогаш досега. Зборуваше за неговата младост, за многуте девојки, за неколкуте деца, за односот со Роберт Саздов, но за првпат ја откри и конкретната причина зошто со години одбивал телевизиски интервјуа.
Дефинитивно, гостувањето на Владо Јаневски во „Еден на Еден“ ќе остане забележано како една од најдобрите ТВ емисии за 2016-та.
Покрај Владо, во новогодишната епизода од шоуто на Жаре ќе ги слушнете и момците од група „Маестро“, водителот Огнен Јаневски, а се појави и Влатко Лозаноски, кој заедно со Жаре ја пееше новогодишната „Еден на Еден” песна.
За сите оние кои не беа во можност да ја погледнат емисијата на „Телма“, истата е веќе објавена на „Јутјуб“. По еднонеделната пауза, шоуто се враќа со нови епизоди во истиот термин, секоја сабота во 19 и 15 часот на „Телма“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)