Италијанскиот првак Јувентус оствари нова убедлива победа во Серија А, совладувајќи ја Болоња со 3-0 пред своите гледачи. Гонзало Игуаин уште во седмата минута ја доведе „старата дама“ во водство, а Пауло Дибала во 44.минута од пенал зголеми на 2-0.
Игуаин во вториот дел уште еднаш се запиша во листата на стрелците и стави точка на триумфот на тимот на Масимилијано Алегри.
Со новата победа Јувентус повторно е на четири бода предност на врвот на табелата во Серија пред Рома и има натпревар помалку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)