Во последниот натпревар од денешната програма од 17 коло во шпанската Примера екипата на Барселона не успеа да слави на жешкиот терен на „Мадригал“ против екипата на Вилјареал. Не само што не победи туку „каталонците“ успеаја да извлечат бод во самиот финиш од мечот со голот Лионел Меси од слободен удар.
Иако избраниците на Луис Енрике ја контролираа играта во текот на целиот меч не создадоа многу шанси за гол и целата игра се базираше пред казнетиот простор на „жолтата подморница“. Претходно, Вилјареал во 49 минута дојде во предност со голот Сансоне по додавање на Пато. Сепак бункерот не издржа и Меси ја одржа Барселона во борбата за титулата но сега со пет бода заостанување зад Реал Мадрид кој има и натпревар помалку, оној со Валенсија на „Местаља“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)