| четврток, 6 декември 2018 |

Арсенал нуди 50 милиони евра за Андреа Белоти

andrea-beloti

Англискиот премиерлигаш Арсенал сака да доведе нов напаѓач во своите редови оваа зима, а менаџерот Арсен Венгер му удри мерак на Андреа Белоти, голгетерот на Торино и италијански репрезентативец. Аналитичарите за Белоти велат дека е еден од најкомплетните напаѓачи во Европа, но затоа и неговата вредност на европскиот фудбалски пазар е екстремно голема.

„Топчиите“ се подготвени да плата 50 милиони евра за негов ангажман, но откупната клаузула во неговиот договор со Торино е двојно поголема и изнесува фантастични 100 милиони евра.

– Точно е, добивме понуда од Арсенал, но таа не е адекватна на квалитетите на Белоти – изјави спортскиот директор на Торино, Џанлука Петраки.

Очигледно дека Венгер ќе треба и подобро да го одврзе ќесето ако сака да го купи напаѓачот на Торино во овој зимски преоден рок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top