Антонио Конте и екипата на Челзи им се вратија на победите и по поразот од Тотенхем во Премиер лигата, со победа над Питерборо од 4-1 се пласираа во четвртото коло во ФА Купот. Иако исталијанскиот стратег смени дури деветмина од претходниот меч, „сините“ беа предводени од расположениот Педро, кој постигна два гола и го трасираше патот кон следната фаза. Во голеадата се надоврзаа Вилијан и Батсшуаи, а гостите само ја искористија бројчаната предност, по црвениот картон на Тери, и постигнаа почесен погодок преку Николс.
Мидлсброу беше подобар од второлигашот Шефилд Венздеј (3-0) на својот „Риверсајд“. Фудбалерите на Каранка го скршија отпорот на гостите во 58. минута со голот на Ледбитер. Победата ја потврдија Алваро Негредо во 67. и Де Роон во 90. минута за конечни 3-0.
Ливерпул со изменет состав не успеа да го скрши отпорот на нисколигашот Плимут и ќе мора да одигра возвратен дуел на теренот на противникот откако поладнево на „Енфилд Роуд“ одигра само 0-0.
Во последниот денешен натпревар од ФА Купот се среќаваат екипите на Тотенхем и Астон Вила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.