На теренот „Мараси“ во Џенова, каде загубија Јуве и Милан, а Наполи освои само бод, Рома на Лучијано Спалети забележа значајна победа во мечот од 19. коло на Серија А. „Волчицата“, благодарение на првото полувреме во кое беше далеку подобар противник, стигна до минимален триумф од 0-1. Мрежата ја затресе домашниот играч Изо, кој си постигна автогол, а Горан Пандев оваа средба ја следеше од клупата за резервни фудбалери.
Јунак за Лацио беше Чиро Имобиле кој со гол во самиот финиш од мечот му донесе на својот тим минимална победа од 1-0 против атусајдерот Кротоне. Мечот можеше да биде решен многу порано, но Билја промаши пенал уште во првото полувреме.
Аталанта славеше убедлива победа на гостувањето против Киево, совладувајќи го домашниот тим со 1-4. Гомез беше стрелец на два гола за гостите, а во листата на стрелците се запишаа и Конти и Фроулер. Пелисие го постигна единствениот погодок за Киево на овој меч.
Резултати Серија А: Киево – Аталанта 1-4, Џенова – Рома 0-1, Лацио – Кротоне 1-0, Сасуоло – Торино 0-0, Удинезе – Интер 1-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)