| четврток, 6 декември 2018 |

Мареј се повлече од Ролан Гарос

Шкотскиот тенисер Енди Мареј ги разочара своите симпатизери со одлуката да не игра на Ролан Гарос во Париз, вториот по ред гранслем во годината што ќе стартува в недела. Тој се повреди на турнирот во Рим, минатата недела и веднаш изјави дека стравува дека нема да може да игра во Париз. Во последните неколку дена Мареј се обиде со неколку различни третмани да ја санира повредата на грбот, но откако состојбата не му се подобри одлучи да не игра на Ролан Гарос. Шкотот изјави и дека лекарите го советувале да мирува, и дека не е подготвен за тенис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top