| четврток, 6 декември 2018 |

НБА ѕвездата Дурент, со милион долари им помогна на жртвите од торнадото

Кошаркарот на Оклахома, Кевин Дурент, ја потврди сликата на планетарна суперѕвезда и со хуман гест покажа дека е голем спортист. Крилото на Тандерс одвои милион долари како помош за загрозените жители на Оклахома, по катастрофалното торнадо што пред три дена ја погоди сојузната држава во САД.

Дурент ги уплати парите преку својата хуманитарна фондација „Дурент фемили фаундејшн“ за да може што поскоро да се згрижат најпогодените луѓе од природната катастрофа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top