| четврток, 6 декември 2018 |

Торес и Пандев нов напаѓачки тандем на Наполи

Рафаел Бенитес е кандидат број еден за нов тренер на Наполи, по заминувањето на Валтер Мацари, а ако Шпанецот биде нов кормилар на италијанскиот вицешампион, тогаш речиси сигурно е дека со себе ќе го донесе сонародникот Фернандо Торес од Челси.

Таа опција е интересна, бидејќи можен напаѓачки тандем би биле Торес и македонскиот репрезентативец Горан Пандев. Досегашниот партнер на Пандев во нападот, Едисон Кавани, веројатно ќе го засили Манчестер сити, а како замена тимот од Неапол го готви Торес. Тој и Рафа Бенитес соработуваа и во Ливерпул и во Челси, па можно е заедно да одат во трет клуб, во редовите на Наполи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top