| четврток, 6 декември 2018 |

Кинескиот ѕид од агол на дрон (Видео)

Британскиот географ, конзерватор и автор Вилијам Линдси веќе подолго време е опседнат со Големиот ѕид во Кина.

Пред три децении го напушил домот во Мерзисајд и замина да живее во близина на ѕидот за да може подобро да го проучува.

Минатата година со семејството патувал 15 000 километри околу ѕидот за да го сними со дрон.

Како што вели Линдси :„Кинескиот ѕид е неверојатен и заслужува да се прикаже во најдобро светло“.

На своето патување Линдси и неговото семејство го посетиле заборавениот ѕид на Џингис Кан, која се наоѓа во Монголија, како и тврдината Јиајугуан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top