Син на тајвански политичар ангажирал 50 стриптизети кои танцувале на 50 џипови, предизвикувајќи застој во сообраќајот на необичниот погреб на неговиот татко неодамна починатиот владин функционер.
Тунг Хсианг, починал на 76-годишна возраст на крајот од минатата година, а имал високи позиции во администрацијата на градот Чиаји во југозападниот дел на Тајван и повеќе од десетина години извршувал високи владини позиции, и според неговиот син „многу сакал добри забави“.
Семејството, роднините и многубројни пријателите на починатиот се збогуваа со него на 3-ти јануари. Потоа по улиците на градот минала процесија од повеќе од 200 возила, а на 50 џипови танцувале стриптизите.
Синот организатор на бизарниот погреб, исто така јавен службеник, за локалните медиуми изјавил дека татко му сакал гласност и многу раскалашени сцени, и дека погребот бил прослава за неговото животно дело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)