| четврток, 6 декември 2018 |

Снежна бура во Европа и САД: Во Финска -42 степени, хаос во Романија, Украина, Полска, Албанија, поплави во Германија (ФОТО+ВИДЕО)

Најмалку девет лица настрадаа во снежната бура која со силен ветер зафати големи делови од Европа, каде се блокирани патишта, откажани бројни летови, а многу домаќинства останаа без струја.

Во Полска во последните 24 часа загинаа 5 лица, од кои тројца се смрзнале, додека двајца починале од труење со јаглероден моноксид поради неисправни греалки, соопштија властите.

Температурите паднаа под 25 степени на југот на земјата, а силината на ветерот достигнува и до 90 километри на час. Повеќе од 2.000 домаќинства останаа без греење во областа Рибњик на југоистокот од Полска.

sneg-koli

Во соседна Украина властите наведоа дека четири лица починале од студ во регионот Лвов, кај границата со Полска, пренесува АП.

Во Романија, повеќе од 90 лица се извлечени од автомобили на патиштата, а во тек е евакуација на уште 30 возила на главнот автопат. Поради снегот, откажани се над 40 железнички линии.

371284382586fca81318d4227317700_v4_big

Романските власти спасиле уште 622 лица на кои им е неопходна дијализа, како и 126 трудници.

Скоро сите патишта на североистокот од Бугарија се затворени за сообраќај, додека во соседна Романија компанијата „Нуклеаелектрика“ на Дунав го изгаси својот прв реактор.

Бугарските власти соопштија дека поради проблеми со снегот, без струја останале 770 места кај нашиот источен сосед. Во Бугарија затворени се и делови од автопатот „Тракија“ на југоистокот од земјата, како и сите патишта во североисточниот појас, додека во Романија е затворен главниот автопат А-2, кој ги поврзува Констанца и Букурешт.

sneg-koli-2

Поради лошите временски услови, затворен е и аеродромот во бугарскиот град Варна на Црното Море, а одложени се и десеттина летови од меѓународниот аеродром во Букурешт.

Во Романија од 13 чаот сообраќајот е запрен на 58 национални патишта и на автопатот Букурешт- Констанца поради обилните снежни врнежи, а ограничено е движењето за возила над 7,5 тони, пренесува „Аџерпрес“.

sneg-zavean-pat

Снежната бура парализираше и многу локални и регионални патишта, главно на северот од Албанија, а метеоролозите најавија влошување на временските прилики во текот на ноќта. Снегот предизвика и прекин во снабдувањето со електрична енергија во селата на северот од Албанија, кај Скадар, пренесува АТА.

Поради снежни наноси и силен ветер затворени се и патишта во централна Италија, а откажани се и поаѓања на некои траекти. Снег падна дури и во Наполи.

Поради лошите временски услови во Турција и во Европа откажани се и 192 домашни и меѓународни летови на компанијата „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул, планирани за утре, пренесува „Танјуг“.

sneg-pat-cisterna

Најстудената ноќ со речиси -42 степени беше измерена во финска Лапонија, на границата со Шведска.

Во северна Шведска исто така темепратурите се пониски и од -41 степен, што дури иако се навикнати на сурови зими им создава неприлики.

31742901120_035f99aba7_z

На северот на Германија зимска бура предизвика зимски поплави какви што немало во последната деценија. поплавени се повеќе места и градови покрај Балтичкото Море во близина со границата со Полска, а материјалната штета е огромна.

На територијата на Хрватска температурите паднаа под нулата дури и покрај јадранскиот брег, а селата на северот на Црна Гора целосно се отсечени, а властите апелираат граѓаните да останат дома и да не излегуваат на пат.

Од приморските градови самов о херцег Нови се измерени два степени.

Ниските температури и лошите временски услови блокираа и делови на САД. Националната метеоролошка служба издаде предупредување за зимска бура во источна Алабама, Џорџија, Атланта, Каролина и Вирџинија.

poljska-sneg-snezna-oluja-foto-printscreen-youtubeeuronews-1483621279-1073043

Училиштата не работат во неколку американски сојузни држави, а во Алабама и Џорџија е прогласена вонредна состојба поради најавената снежна бура, која веќе однесе една жртва во Кентаки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top