Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со победа на д Фернандо Вердаско во полуфиналето во Доха (4:6, 7:6(7), 6:3), се ппласира во финалето на турнирот, а по мечот, во свој фазон го честита Бадник – со широка насмевка и порака испишана на камерата.
Firma de Nole! ✒ #QatarExxonMobilOpen 🎾 a la Final #Djokovic pic.twitter.com/Pm9zV03uvZ
— Roma Bruno (@romagnr) January 6, 2017
Сепак, ситуацијата во неговиот дом е тажна, а можност да ѕирмене во тажниот дом на Ѓоковиќ ни дава неговата сопруга Јелена.
Таа објави фотографија од малиот Стефан, кој навива за татка си, со „специјален рекет“ во рацете.
„Тато, ви сакала да можеш да видиш колку е гордо твоето момче додека и граш и вика „Ајде тато“ со подигната тупаница. Тенисот навистина не ти дозволува да поминеш многу семејни празници дома. Вечерва е Бадник, специјална пригода да се собере семејството. За среќа, имаме Фејстајм и многу разбирање и поддршка, па така тато ќе биде со нас во мислите и технологијата… Среќен Бадник! Ви посакувам да ги поминете во мир, здравје и благосостојба. За оние кои го пречекуваат Божиќ во тешки услови, се молам за вас со целото срце и посакувам овој ден да ви донесе здравје, среќа и храброст да ги надминете сите проблеми ис травови. Ви посакувам Мир Божји, Христос се роди (ден порано, зашто утре веројатно ќе бидам без технологија :)“, напиша Јелена Ѓоковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Федерер: Додека Ѓоковиќ е на патот, далеку е стотиот трофеј
-
Подготви два милиона евра, ако сакаш татко ти да го видиш жив – гласела пораката на киднаперите на дедо и на Јелена Ѓоковиќ
-
Врзан и беспомошен: Киднапер барал 2 милиони евра откуп за дедото на Јелена Ѓоковиќ
-
Агаси и Ѓоковиќ се разделија: Се согласивме дека не се согласуваме!