| четврток, 6 декември 2018 |

Мареј против Ѓоковиќ за титулата во Доха

Енди Мареј ќе му биде противник на Новак Ѓоковиќ во финалето на АТП турнирот во Доха. Британецот го совлада Томаж Бердих со 2:0 (6:3, 6:4) за спектакл во најава уште во првиот тениски настан во новата година во кој се присутни двајцата најдобри светскки рекети во моментот. Српскиот ас, претходно, во три сета го порази фернандо Вердаско со 4:6, 7:6, 6:3.

Финалето на турнирот во Доха е закажано за утре попладне во 16 часот. Мечот за титулата во катарската престолнина ќе биде нивни 36 меѓусебен. Билансот е на страна на Ѓоковиќ кој води со 24:11.

АТП Доха

Резулати, полуфинале

Енди Мареј (1., В. Британија) – Томаж Бердих (Чешка) 6:3, 6:4

Новак Ѓоковиќ (2., Србија) – Вердаско (Шпанија) 4:6, 7:6, 6:3.

Финале – сабота, 16 часот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top