Граѓаните на Општина Центар револтирани од односот на градоначалникот Андреј Жерновски мрзнат на минусните температури и сами го чистат снегот и мразот. Жители на Дебар Маало во анкетата на ТВ Нова велат дека Жерновски воопшто не е дојден откако седнал во градоначалничката фотелја, не па да чисти или да донесе сол.
-Воопшто не е исчистено, еве сами гледате дека е се’ мраз, подмрзнато е. Пред вратите сами сме исчистиле, другото не е исчистено. Не е дојден господинот Жерновски воопшто откога е седнат во фотелјата, не дошол овде цо Маџар Маало, не па да исчисти или да донесе сол, да расчисти овдека. Колите не можеме, се лизгаме, хаос е, катастрофа е. Се санкаме ние, не да одиме туку се санкаме, не можеш да одиш пешки, не па со кола, сите коли се паркирани, не можеш ни да излезеш на главната улица, вели еден жител на Дебар Маало.
Негова сограѓанка додава дека улиците се за никаде, а градоначалникот не презема ништо.
– Еве како што гледате снег паѓа, голомразица е, ќе искршиме нозе сабајле за на работа, за пазарување. Има и дупки кои што се поплнети со мраз и колите ќе си ги искршиме. Тој градоначалник ништо не презема поготово за Маџар Маало. На улиците не е фрлена сол, вели таа.
Друг граѓанин додава дека обврска на Жерновски е да преземе нешто на овие ниски температури.
-Како што самите може да виите, улиците се мраз. Ние колку можеме самите граѓани рачистуваме, меѓутоа улиците се жив мраз, нема ништо, некој да дојде, да фрли нешто. Самоиницијативно се организираме. Нивна должност е, особено на градоначалникот да преземе нешто на овие ниски температури, вели жителот на скопско Дебар Маало.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)