Македонската ракометна репрезентација до 21 година ќе мора да ја декласира Турција ако сака пласман на СП 2017, затоа што Португалија извојува висока победа над Полска.
Португалците славеа над Полска со високи 34-21 (17-12), па така, нас сега ќе ни биде потребна победа од високи 18 гола, за да имаме подобра гол-разлика од Португалија. Кај Португалија најефикасен е Фраде со осум гола, а го следи Соарес со седум, додека кај Полјаците кои одиграа очаен натпревар Сичко даде пет гола.
Натпреварот меѓу Македонија и Турција се игра од 14.30 часот во СРЦ „Кале“, а влезот за љубителите на ракометот е слободен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шумската мафија годишно заработува и до 25 милиони евра (видео)
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Полска гори: Околу 200.000 маршираат, патриотите го запалија знамето на ЕУ! (видео)