| четврток, 6 декември 2018 |

„Јавна соба“ и во 2017 за сите генерации: На 20 февруари промоција на македонскиот дизајн

На 20 феврури ќе биде промовиран македонскиот дизајн и тоа продукт, моден и графички. Ова е една од изложбите која ќе го претстави позначајното творештво на поединци, млади брендови и компании од Македонија. Сите одбрани производи ќе бидат дел од патувачката изложба на македонски дизајн за 2017 која ќе гостува на регионалните дизајн фестивали

 

Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ годината започнува со проектот “Show Room” која e отворена музичка програма, концерти во живо, со содржини креирани од музичарите од македонската и регионалната џез сцена и има за цел да го претстави музички потенцијал преку индивидуална интерпретација на стилови, концепти и артисти. Како еден по значајните концерти во рамки на оваа програма за почеток на 2017 е токму на 14. јануари настап на познатиот „Милан Петровиќ квартет” од Белград. Во текот на целата година ќе  публиката во Јавна соба ќе слуша високо квалитена музика од земјава и регионот. Следат и бројни настапи на македоснки музички формации по регионот.

„Вкусот на Скопје” е значајна програма од причина што не само што на еден неформален начин пласира нови гастрономски знаења, туку промовира различни културни вредности преку презентација на најекспонираните светски кујни: индонезиска, шпанска, италијанска, и успеа да влијае на развојот и подигнувањето на туристичката програма во земјава. Тематските вечери се нешто по што „Јавна соба“ стана препознатлива во регионот. Покрај редовното мени во ресторанот во „Јавна соба“, се понудија рецепти кои се усвоија страна на голем број на угостителски објекти од земјава. Фокусот на оваа програма за 2017 е насочен кон кувари од Словенија, Хрватска, Франција и секако од Македонија.

15442386_1891972424354889_7790017100971439346_n

На 7. февруари ќе биде отворена продажна изложба на производи  од текстил кои ги изработија студентите од Технолочко металуршкиот факултет – отсек дизајн на текстил, за време на Неделата на дизајн 2016. Под менторство на Тамара Георгиевска и Ива Јанковиќ дизајнерите изработија 15 производи во мали серии наменети за секојдневно користење и истите ќе се најдат во продажба во концептуалата продавница во Јавна соба.

На 20 феврури ќе биде промовиран македонскиот дизајн и тоа продукт, моден и графички. Ова е една од изложбите која ќе го претстави  позначајното творештво на поединци, млади брендови и компании од Македонија. Сите одбрани производи ќе бидат дел од патувачката изложба на македонски дизајн за 2017 која ќе гостува на регионалните дизајн фестивали во Белград, Загреб, Плодив, Тирана, Истанбул, Букурешт и финално во Скопје на Неделата на дизајн каде оваа година на големо изнандување на публиката ќе видиме Унгарија како земја во фокус.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top