| четврток, 6 декември 2018 |

Разузнавачи: Во Германија има 43.000 исламисти

Во Германија има над 43. 000 лица кои можат да се сметаат за исламисти, покажуваат проценките на германската агенција за внатрешно разузнавање од крајот на 2016 година, пренесе ДПА. Овој број означува постојано зголемување во последните неколку години.

Особено брзо расте бројот на салафитите – ултраконсервативно реформистички тек на сунитскиот ислам. Околу 8.650 луѓе се сметаат за дел од салафитското движење во Германија.

Околу 11. 000 од исламистите во земјата пројавуваат „терористички трендови“, по проценка на внатрешното разузнавање и други германски тајни служби. Се проценува дека 548 од нив се во состојба и се подготвени да извршат терористички акт. Се претпоставува дека повеќе од половина од нив се во Германија, 80 од нив се во притвор.

Има други 360 лица, за кои се смета дека би покажале логистичка помош или би го поддржале едно политички мотивирано злосторство од значителен обем.

Над 800 радикални исламисти заминале од Германија за воените зони во Сирија и Ирак, каде што многумина од нив најверојатно се приклучиле на терористичката група „Исламска држава“. Околу една третина потоа се вратиле, а 70 од нив стекнале воено искуство, додека биле во странство, забележуваат агенциите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top