| четврток, 6 декември 2018 |

Ново правило: Докторите не смеат да враќаат пациенти

todorov-bolnica

Националниот систем за електронска евиденција во здравството „Мој термин“ би требало да воведе ред во македонските болници. Со овој систем ќе се искорени чекањето на листи и долгите редици за пациентите, се надева министерството за здраство.

Министерот за здравство, Никола Тодоров, објаснува дека целта на „Мој термин“ е да се спречи пациентите да бидат вратени. Ваквата наредба им е издадена на сите доктори во здравствените установи во Македонија .

Проектот „Мој термин“ е се уште во тест фаза и се очекува целосно да биде воведен во почетокот на јуни. Со имплементацијата, Македонија ќе биде единствена во регионот со ваков систем, кој инаку е најсложен систем направен во здравството.

Системот ги опфаќа сите здравствени установи во земјава и засега се обучени над 2.000 доктори.

За да се спречат злоупотреби, предвидено е докторите да имаат отворено онолку термини колку што имале прегледи во 2012 година.

Министерот за здравство апелира до сите да ја поддржат имплементацијата на системот, додавајќи дека од него придобивки ќе имаат сите доктори, пациенти, науката и состојбата во македонското здравство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top