| четврток, 6 декември 2018 |

Aвтомобил излета од патот кај Гостивар (ВИДЕО)

Снегот кој од утрово не престанува да паѓа, направи големи застои на патиштата низ земјата. Автомобил излета од коловозот пред Гостивар. Засега не се знае дали има повредени.

Во застој е патот Велес-Скопје и Скопје-Велес кај месноста Кула. Во краток временски период има наврнато големи количини снег што предизвикува застој во сообраќајот заради бавното движење на возилата, велат од Центарот за управување со кризи, од каде додаваат дека испратена дополнителна механизација која ќе помогне во побрзо расчистување на овој патен правец.

Од АМСМ информираат дека од 19:30 часот на патните правци Кавадарци – Неготино и Охрид – Ресен кај превој Буково поради превртени тешки моторни возила, сообраќајот е во целосен прекин.

Поради врнежи од снег, воведени се забрани за движење на тешки товарни возила и на патните правци Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато и на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот премин Буково.

На патниот правец Струмица – Валандово поради излизгано тешко моторно возило, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.

Видео: Прес24

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top