| четврток, 6 декември 2018 |

Како се местат синџирите за снег (видео)

Кога станува збор за патувања во текот на зимата, бидете неверојатно внимателни и добро подгответе се. Пред се, прочитајте ги нашите совети за безбедно зимско возење.

Сигурно веќе знаете дека возењето на автомобилот во зимски услови, кога на патиштата има снег и мраз, неопходно е да поседувате синџири, кои морате да ги користите на делниците каде што за тоа е поставена вертикална сигнализација.

Освен тоа, препорачливо е да се користат и доколку возите по планински патишта или други предели каде што има доста снег.

Кога автомобилот има погон на предните тркала, потребен е еден пар синџири за снег, кои се монтираат на предните тркала, додека кај автомобилите кои имаат погон на задните тркала постојат две можности.

Побезбедна и поскапа опција е да ги монтирате синџирите на сите тркала, а евтина и помалку безбедна е да ги монтирате само на задните погонски тркала.

Поставувањето не е тешка работа и при нивното купување секогаш добивате одговарачко упатство за монтирање. Меѓутоа, кога ќе се најдете во ситуација прв пат да ставате синџири, а временските услови околу вас се лоши, поставувањето може да не ви делува толку едноставно како што пишува на упатството.

Чести се случаите кога во пракса нестручно поставените синџири оштетат одредени делови на возилото и на тој начин да им создадат поголем проблем на возачите.

lanci

За да не се најдете во таков проблем, еве упатство како да поставите синџири во 10 едноставни чекори на вашиот автомобил.

  1. Синџирите за снег се состојат од два дела – лев и десен. Секој дел има свој комплекс кои одат околу левата/десната страна на тркалото.
  2. Потребно е главната сајла (пластифицирана) да ја провлечете позади тркалото и да ги разграничите левиот и десен комплекс синџири – секој на својата страна.
  3. Краевите на сајлата споите ги над тркалата и синџирите префрлете ги преку газечкиот слој на пневматикот, кон надворешниот дел од фелната.
  4. Закачете го внатрешно обоениот крај на синџирот за црвената кука.
  5. Повлечете го крајот на црвениот синџир на кој се наоѓа гумениот растеглив дел и низ куката затегнете ги синџирите што е можно повеќе.
  6. После затегнувањето, црниот гумен дел закачете го на најодалечениот дел наспроти куката.
  7. Тогаш ќе забележите дека синџирите не се целосно затегнати. Следно што треба да направите е лесно да тргнете со возилото десетина метра и да ги повторите последните два чекори, со тоа што сега ќе можете да го затегнувате црвениот синџир со гумениот крај.
  8. Кога управувате со возилото со поставени синџири, бидете посебно внимателни и немојте да надминувате брзина од 50 километри на час.
  9. Доколку возите поголем број километри со поставени синџири, повремено запирајте и извршете проверка.
  10. Отстранете ги синџирите за снег штом дојдете до исчистен асфалт. Во случај да возите со синџири по асфалт, може да дојде до нивно оштетување или пукање, како и до оштетување на делови од возилото.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top