| четврток, 6 декември 2018 |

Македонец се обидел да префрли 105 илјади евра во Дубаи (ФОТО)

evra-pojas-zaplena-carina-2

Царинските службеници на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во средата спречиле обид за нелегално изнесување на 105 илјади евра, соопшуваат од Царинаската управа.

Имено, во средата на аеродромот Александар Велики, за излез од државата се пријавил македонски државјанин М.Љ. кој требало да патува преку Истанбул за Дубаи. При детална царинска контрола на патникот, во појасот под блузата му биле пронајдени две паковки обвиткани во бела хартија облепена со проѕирна селотејп трака, во паковките биле пронајдени 107 илјади евра.

evra-pojas-zaplena-carina-3

Согласно Законот за девизно работење (резиденти можат слободно да изнесат девизни средства во противвредност на 2 илјади евра) на лицето му се вратени две илјади евра, а 105 илјади евра се привремено задржани. Против лицето е поведена прекршочна постапка.

evra-pojas-zaplena-carina-4

Во прекршочните постапки кои се водеа во текот на 2016-та година поради непочитување на Законот за девизно работење, Царинската управа привремено задржа девизи во противвредност од  604.394,00 евра и 199 илјади денари.

evra-pojas-zaplena-carina-1

По однос на девизни прекршоци (сторени во 2016 година или претходни години, но одлуките по прекршоците станале конечни и извршни во 2016 година) во Буџетот на РМ во 2016 година трансферирани се околу 127,6 милиони денари (девизи во противвредност  2.081.758,00 евра).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top