За овие народни верувања велат дека навестуваат зло и несреќа:
Кога 13 луѓе седат зад една маса, некој од нив ќе се разболи, вели старото народно верување.
Во народот се верува дека некои појави навестуваат идни настани, а помеѓу нив се и овие:
*Кога четири луѓе при средба се ракуваат, па ќе ги вкрстат рацете, ќе дојде до расправија и раздор.
*Ако накисне дете кое се уште нема наполнето година, ќе биде со слаб имунитет и болешливо.
*Кога станувате наутро, не станувајте на лева нога за да не ви тргне денот на лошо.
*Ако ви се пристори дека некој тропа на врата, а причината не можете да ја протолкувате, тоа е навестување на зло.
*Кога наутро излегувате од домот, внимавајте кој ви доаѓа во пресрет. Децата носат среќа и радост цел ден. Момче и девојка се знак дека тој ден нема да биде несреќен. Маж и жена претставуваат дека тоа што ќе се случува во текот на денот нема да помине според вашите желби. Ако има многу постари луѓе, тој ден ќе бидете гневни. Ако уште од рано утро ви се случи некоја несреќа, тој ден не почнувајте ниту една важна работа.
*Кога тргате на пат, па мора да се вратите по нешто што сте заборавиле, од тој пат не очекувајте корист.
*Кога за прв пат спиете во туѓ кревет, запомнете што сонувате, затоа што тој сон ќе се исполни.
*Првата ноќ се што сонувате во нов стан ќе се исполни.
*Кога двајца ќе се судрат со главите со желба нешто да кренат, ќе се засакаат.
*Човек кој има грбка носи среќа. Ако го сретнете, тој ден ќе бидете среќни. Ако го допрете грбот на човекот кој има грбка, а тој да не го почувствува тоа, се што ќе правите со таа рака ќе ви носи среќа се додека не ја измиете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун