Бадникова поворка традиционално на 06 јануари се одржува во Охрид. На охридскиот плоштад прстигна и Бадниковата пештера.
Коледе леде заминува во историјата се враќа старата коледарска песна Вечниот бог . Двесте деца од Охрид, ден пред Божиќ, на 6 јануари, рано утрото со свеќи во раце, кандила, ѕвезди и ѕвона го наговестија Христовото раѓање.. Во свечена Бадникова поворка низ охридските улици одекнува старата коледарска песна “Вечниот бог”.
Децата ги симболизираат небесните анѓелите, кои возбудени со насмевки и радост ја шират радосната вест. За возврат на градскиот плоштад пред Бадниковата пештера верниците ги даруваат со пакетчиња. Секој заинтересиран може да дел од ова торжествено движење. Родителите може да ги пријавуваат своите деца за учење на Бадниковата песна секоја сабота во 14 часот во ОУ Христо Узунов.
– Ние како организатори сме многу рдосни што успеваме постепено да го откоренуваме онј пагански начин на прославување на овие христијански празници затоа сакаме да упатимеедна порка до сите мајки, татковци, баби и дедовци нека ги упатат своите деца да земат учество во оваа поворка на големиот хриситјански празник Бандик. И да ја пеат оваа песна Велниот Бог за да можат да ја почуствуваат радоста и љубовта во срцата што самиот Христос ни ја дава, истакна Летка Филипова Организационен одбор.
Децата масовно ја прифаќаат и учат старата коледарска песна.
– Самото торженство на песната е нешто прекрасно чуство посебно и за нас а најмногу за децата и многу ја прифаќаат и веќе ја знаат и деца од пет години ја знаат песната, вели Снежана
Полни со енергија Старата коледарска песна ја пеат и малите и поголемите деца. Најмладиот учесник во Бадниковата поворка овој пат ќе биде тригодишниот Јосиф, кој веќе ја знае песната.
На коледе ќе се случи четвртата по ред величествената Бадниковата поворка полна со колендарчиња кои ќе сеат празнина радост низ цел Охрид. .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.