| четврток, 6 декември 2018 |

Народни верувања: Кој сака да има пари, на Бадник треба да го изеде плодот на оваа билка!

БАДНИК го најавува големиот христијански празник Божиќ. Тој ден бадниково гранче внесуваме во нашите домови, а семејството се собира на посна вечера.

Многу обичаи за Бадник се пагански, а црквата подоцна им дала христијанско обележје. Обичаите околу Бадник ги наследивме од своите предци и уште ги одржуваме. Ова се некои од верувањата кои останале до денес:

-На бадник треба да се јаде афион, бидјеќи се верува дека ќе им донесе многу пари на оние кои го јадат.

-Оние кои во текот на годината се скарале со некој, на Бадник простуваат и се смируваат и тоа е вистински дух на традицијата

-На Божиќ човек не треба да се опие бидејќи се смета дека ќе биде пијан цела година.

-За Бадник се кршат ореви за да се види каква ни е среќата, здравјето, а кога се скршат се фрлаат по ќошињата на собите, за да кокошката изведе многу пилиња, а ако се фрлаат цели ореви, тогаш јајцето ќе биде расипано.

Има уште многу разни обичаи, но ние ги издвоивме најинтересните за вас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top