Градските власти апелираат до жителите во Скопје да се воздржат од палење коледарски огнови со цел да се заштити животната средина и амбиенталниот воздух
Минатиот месец градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов ги повика граѓаните да се воздржат од палење отворени коледарски огнови пред Бадник. Градоначалниците на сите скопски општини годинава донеса одлука и за забрана за доделување дрва од општините за таа намена со цел да се спречи дополнително загадување на воздухот во главниот град.
Граѓаните може да пријават запален оган на отворено на телефонската линија 193.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.