Иванка Трамп ќе има активна улога во администрацијата на својот татко Доналд Трамп, па ќе ја преземе одговорноста, која ѝ припаѓа на првата дама, пренесува „Си-ен-ен“.
Канцеларијата на првата дама на Америка ќе ѝ биде доделенa на Иванка (35), ќерката на Доналд Трамп (70).
Таа планира да се посвети на глобалното затоплување, иако нејзиниот татко ги негира климатските промени.
– Сè уште нема одлука каква улога ќе ѝ припадне на Иванка – рекла, пак, портпаролката на Трамп. Веста дека улогата на првата дама ќе ја преземе неговата ќерка дополнително ги поттикна озборувањата дека Меланија Трамп (46) не сака да биде прва дама, и дека била против тоа Трамп воопшто да се кандидира.
Меланија до крајот на училишната година ќе остане на Менхетн, каде што синот Барон (10) ќе се запише во приватно училиште.
Канцеларијата со Иванка ќе ја дели и нејзиниот сопруг, инвеститорот Џаред Кушнер (35), со кого има три деца. Кушнер му беше советник на Трамп во претседателската кампања, како и Иванка.
Ова нема да биде преседан, и претходно се случувало господарка во авенијата Пенсилванија 1600 да биде жена која не е сопруга на претседателот, но доаѓањето на Иванка Трамп на тоа место ќе биде концентрација на моќта без преседан.
Според законот на САД, ниту еден друг државен службеник не смее да вработува или да ги промовира членовите на своето семејство. Но, законот Трамп би можел да го заобиколи ако Иванка и Џаред нема да ги плаќа за функцијата што ќе ја извршуваат, пренесува „Си-ен-ен“.
Who will be Donald Trump’s real first lady? https://t.co/1CLicvx6uq via @CNNOpinion pic.twitter.com/1eQtLtR3Eb
— CNN (@CNN) December 6, 2016
Како што потсетува онлајн магазинот „Слејт“ внуката од сестра на Џејмс Бјукенен морала да дојде на местото прва дама, зашто нејзиниот вујко не се оженил, а ќерката на Томас Џеферсон ја имала истата ролја, бидејќи татко ѝ бил вдовец. Сестрата на Гровер Кливленд останала во Белата куќа додека не се омажила, а исто и ќерката на Вудру Вилсон додека овој не се преженил. Во поновата историја, ќерката на Џералд Форд привремено била прва дама поради болеста на својата мајка.
Сепак, во последните децении не се кршело правилото сопругата на шефот на државата да биде прва дама, па отстапувањето од нормата во следната администрација привлекува голем интерес. Едни сметаат дека Трамп секако треба да го направи тој потег, зашто Меланија не била вклучена во неговата кампања, не разбира како функциионира Вашингтон, не ја интересира да научи, а не сака ни да се пресели. Наводно, таа би била домаќинка кој би го избирала намештајот, ќе организира приеми и ќе пречекува странски делегации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.