| четврток, 6 декември 2018 |

Преживеале хорор за Нова година: Масовен сексуалн напад на жени, полицијата не направила ништо (Видео)

Насобрани мажи во новогодишната ноќ ги злоставувале жените кои се нашле на улиците на овој индиски град. Индиската полиција објавила дека има веродостојни докази дека на дочекот на Новата година дошло до масовно сексуално вознемирување на жени во Бангалор, третиот најголем град во Индија.

Неколку жени посведочиле за BBC дека ги злоставувала една група од мажи иако се` уште нема официјални пријави од страна на жртвите. Една од нив, маркетингшки професионалец, која се претставила како Пуја, го раскажала своето трауматично искуство од таа ноќ.

На дочекот излегов со друштвото во бар на улицата Махатма Ганди. Во 23:30 излегов од барот за да се јавам на телефон и се` беше се` уште мирно и тивко. Но, во 00:30 ми се јави пријател кој требаше да ме оддведе дома и ми рече дека полицијата поставила барикади и дека морал да го паркира својот мотор кај театарот Шанкар Наг. Тргнав пешки и набрзо забележав група момци кои се упатија кон мене, но ништо не претпоставив“, раскажала Пуја.

Според нејзините зборови, следувал шок. Мажите почнале да ја туркаат и допираат и истото им го правеле и на другите девојки кои се нашле на патот. За среќа, набрзо група девојки и` помогнале да стане. Нивните машки пријатели направиле круг околу нив за да ги заштитат.

Пуја ги замолила да продолжат со неа за да не остане сама. Но, дури и додека оделе заедно, други мажи ги напаѓале. Не можеле јасно да им се видат лицата во толпата, но штом ќе им го свртеле грбот, некој ги зграпчувал и ги допирал.

Полицијата била присутна на улица и ја растерувала групата мажи со палки, но полицајците едноставно не биле во доволен број за да ги запрат сите. Пуја имала слични искуства и претходно, но никогаш на вакво масовно ниво. Сега во разговор со други жртви дознала дека истото се случило и минатата година. Тогаш се запрашала, зошто властите не превземаат нешто за да го спречат тоа, наместо да се прават дека се` е во ред.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top