Интензивни преговори се случуваат последниве денови меѓу трите кандидати за лидер на СДСМ Заев, Јовановски и Ивановски со екс лидерот Црвенковски.
Иако партијата лиферува информации дека дискусиите се водат за програмските цели на секој од тројцата кандидати сепак извори во партијата тврдат дека пред се се работи за несогласувања околу распределба на првите позиции по конгресот.
Засега непотврдени информации целат дека Игор Ивановски – Шема најавил дека тој би можел да одстапи од претседателската кандидатура доколку му се гарантира позицијата на генерален секретар.
Според најавите од изворите на „Република“ тројцата кандидати засега имаат само еден договор, да го елиминираат четвртиот кандидат Кире Наумов.
Поради тоа сите тројца даваат налози на своите луѓе на терен да лиферуваат негативни информации за Наумов кој пак има голема поддршка од оние што не се дел од блиските кругови околу Црвенковски и кои што сакаат СДСМ да се трансформира во модерна партија кој ќе раскрсти со голем дел од своето негативно минато и личности во последните две децении.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


