Воз, движејќи се по Атлантскиот терминал во њујоркшиот кварт Бруклин излета од шините. Инцидентот се случил во екот на утринскиот сообраќаен метеж во 8.30 часот по американско време. Повредени се над 37 лица, засега не се знае каков е степенот на повредите, а има многу луѓе кои заглавени и имаат посекотини по лицето и телото.

Патниците раскажуваат дека се почувствувало тресење, проследено со силен удар.
-Се најдов на подот, очигледно бев падната, не знам што се случи, но имам среќа што преживеав, раскажува за ABC повреден патник.
Сведоци раскажуваат дека ситуацијата во моментов е многу напната, луѓето се по шините и на платформата, други лежет и се држат за главите, а има и такви, кои трагаат по блиски.
Не е јасна причината за инцидентот, утврдено е само дека возот се движел со голема брзина, на делница во која треба да се оди со нормална брзина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


