Претседателот на СДСМ, Зоран Заев со секојдневни лажни изјави кои за многу брзо време беа разобличувани стана вистински синоним за лажење. Долга е низата на лаги искажани од актуелниот опозициски лидер, во дел од нив Заев самиот се демантираше, додека во друг дел беше експресно демантиран дури и од меѓународни преставници, како во случајот кога предизвика дипломатски скандал со лагите искажани од Израел.
Во октомври 2015-та година, дипломатски скандал предизвика изјавата на Заев дадена во Израел. Израелските власти експресно демантираа дека му дале материјали за наводни криминални набавки на македонската влада. Министерот за внатрешни работи на Израел, Силван Шалом, преку соопштение до медиумите реагираше на изјавата на Заев, потенцирајќи дека лидерот на СДСМ не добил никакви материјали ниту пак се разговарало за таканаречените бомби.
-Средбата со Зоран Заев беше кратка и куртоазна. На неа разговараме исклучиво околу потребите за подобрување на односите меѓу Израел и Македонија. На средбата не се разговараше за било какви безбедносни или финансиски прашања, ниту пак за внатрешните работи во Македонија, стои во демантот на Шалом на Шалом кој до медиумите го достави израелскиот амбасадор Дан Орјан.
Исто така, имаше и бројни меѓународни реакции, а европските медиуми препознаа лаги и измами во изјавата на Заев.
“Зоран Заев фатен во лага по посетата на Израел“, пишуваа реномираните Бриселски медиуми “EU Reporter” и“ EU Today“.
– Политичките лидери се економични во кажувањето на вистината, но вистинска реткост е некој да биде фатен во лага за тоа што разговорал на билатерална средба. Ова со што се соочува лидерот на македонската опозиција Зоран Заев е срамна политичка ситуација. Скандалот не само што го уништи неговиот кредибилитет, туку ја ризикуваше и меѓународната репутација на Македонија, пишуваат “EU Reporter” и“ EU Today“.
Заев лажеше и за аферата со личните карти на „Фокус“ и Чаушот
Заев беше жив фатен во лага и при обидот да се фабрикува аферата со личните карти преку опозицискиот неделник „Фокус“
Кон крајот на 2014 година, поточно на 28-ми ноември, опозицискиот неделник „Фокус“ објави дека анонимен граѓанин до неделникот доставил ексклузивен видеоматеријал и 14 фотографии. Опозициското гласило тогаш пишуваше дека од материјалети се гледало дека во приватен стан или куќа, рачно се изработувале пасоши кои можеле да бидат употребени за изборни цели.
Само неколку дена подоцна, односно на 1-ви декември 2014-та година, лидерот на СДСМ Зоран Заев од трибина во Гостивар изјави дека тоа што се “штанцале пасоши во приватни домови самопотврдувало колку власта е несериозна, колку немало држава и државни институции“.
-Да се штанцаат пасоши во приватни домови, ги видовте и сликите и снимките што се излезени. Тоа само по себе најавува што тоа се случува во Македонија за време на избори. И од тие причини, уште еднаш, само оваа афера којашто ја вади Фокус, потврдува колку власта е несериозна, колку нема држава и државни институции и дека се е партија, рече Заев.
Сепак, многу брзо се откри евтината лага и манипулација на опозицискиот лидер, бидејќи на очиглед на целокупната јавност излезе на виделина дека приватниот дом за кој зборува Заев, а каде се штанцале пасошите, всушност е домот на неговиот сопартиец Захир Бекири- Чауш, за кого впрочем Заев сам призна дека е член на СДСМ и негов сопартиец.
Лагите за фантомски гласачи му се удрија од глава на Заев
По две години криза и манипулација за наводни фантомски гласачи, избирачкиот список со идентичен број на гласачи како во 2014 година, кога опозицијата доживеа катастрофален пораз од 200.000 гласа разлика.
Новиот избирачки список има 5000 повеќе гласачи од Избирачкиот список во 2014 година. Составот на ДИК во кој мнозинство има токму СДСМ потврди дека на Избирачкиот список сега брои 1 784 524 избирачи за разлика од списокот во 2014 година кој броеше 1 779 500 избирачи.
Заев лажеше дека не го познавал Верушевски
Пред објавувањето на аферата „Пуч“, СДСМ лажеше дека Заев и Верушевски не се ни познаваат. На 29 јануари, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов излезе на прес конфернеција на Бихаќка и рече дека раководството на СДСМ нема блиски контакти со Зоран Верушевски.
На 6 февруари, јавноста го виде писмото кое Заев му го испратил на Верушевски. Во него, јасно стои дека е пишувано на 20 јануари, 9 дена пред изјавата на Шилегов дека Заев не го познава Верушевски. Во писмото јасно се гледа да Заев и Верушевски имале многу блиски контакти па дури и договарале работа „со пријателите од надвор“.
На 11 февруари, Заев конечно призна дека Шилегов лажел. Во интервју потврди дека се познавал со Верушевски и дека лично му го напишал писмото како и дека со странски амбасадори и премиери сакал да му извади виза за да побегне во странство.
-Верушевски е еден од кадрите кој е стручен за оваа работа, имав потреба од консултации, се случија две средби со Верушевски за да можам да добијам анализа за тоа што треба да правам, изјави Заев.
Лагите на Заев кон струмичани- празна ливада наместо индустриски зони и фабрики
Заев во 2011-та година излезе во јавноста да каже дека во зоната Сачево ќе никнат 16 нови фабрики, од кои 4 странски фабрики кои ќе отворат 1.500 нови работни места. Од тогаш не една, туку 5 години поминаа, а зоната Сачево е празна ливада со неизградена инфраструктура.
Заев вети дека ќе отвори три индустриски области, со минимум 30 нови фабрики, минимум 300 нови производствени погони, минимум 3 000 нови работни места во Струмица, вети и безочно излажа. Мандатот му истекува, а од трите идустриски области нема ништо. Денес индустриската зона Сачево е само една празна ливада обрасната со трева и грмушки.
Заев лажеше дека ќе поднесе оставка ако изгуби
Заев за ветувањата за федерализација и кантонизација на Македонија доби над 70.000 гласови, кои беа пресудни за конечниот исход. Од СДСМ се пофалија за голема поддршка во Брест, Арачиново, Студеничани, Диво Насеље.
Заев, пак, најави дека ако загуби, ќе поднесе оставка и ќе се повлече од политичката сцена.
– Ако имаме регуларни, фер и демократски избори јас сум уверен сум дека ќе победиме. Ако изгубиме истата вечер ќе ја поднесам мојата оставка од сите политички и општествени функции и ќе се вратам дома на децата и на моето семејство, изјави Заев за „Телма“ .
Тој истото го повтори и по гласањето кога изјави дека ако на вака значајни избори се случел негативен резултат, тогаш му завршува политичката кариера.
– Ако на вака значајни избори се случи негативен резултат, тогаш ми завршува политичката кариера – рече Заев само неколку часа пред да биде поразен.
Лажењето за средба со италијанскиот амбасадор е последно во низата
На денот кога беше закажана, па одложена главната расправа за случајот „Поткуп“,лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека дека бил на средба со италијанскиот амбасадор. Но, кога амбасадорот демантира дека средбата се одржала, СДСМ со соопштение го коригираше својот лидер нагласувајќи дека средбата била „со претставник на италијанската амбасада, а на неа бил присутен конзулот на амбасадата“.
Амбасадата на Италија во РМ вели дека конзул нема, за на крајот амбасадорот и конзулот да станат конзуларен претставник. Тој, пак, сега е идентификуван како Стојан Витанов, кој не е акредитиран во амбасадата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


