| четврток, 6 декември 2018 |

Серена Вилијамс го заврши настапот во Оукленд со 88 неизнудени грешки!

serena-vilijams

Поранешната најдобра тенисерка на светот и освојувачка на 22. Грен слем титули, Серена Вилијамс, неславно ја започна новата тениска година.

Американката утринава во четвртфиналето од ВТА турнирот во Оукланд беше елиминирана од 72. тенисерка Медисон Бренгл од САД со 2-1 (6-1, 6-7, 6-4). Серена на денешниот меч играше повеќе од очајно, направи 88 неизнудени грешки, а го заврши со двојна сервис грешка.

Интересно е тоа што овие две тенисерки претходно имаат одиграно само еден меч и тоа во 2015 година, а на тој младата Бренгл успеа да освои само еден гем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top